информации
распоред на часови
распоред на испити
натпревари
активности
на
друштвото
новости
контакт
со
друштвото
Списание за популаризација на физиката
број 45 - 50
Школа Млади физичари

 

 

 

 

 

"Алтернативни извори на енергија"

 

 

Семинар одржан во просториите на Институтот за физика, ПМФ - Скопје на 18 декември 2002 год.

 

Предавачи:

1. проф. д-р Кирил Поповски - "Употреба на геотермална енергија во светот"

2. д-р Наташа Марковска - "Соларна енергија во светло на одржлив развој" [PowerPoint презентација]

3. проф. д-р Доне Гершановски - "Термонуклеарна фузија"

4. асс. Влатко Стоилков - "Енергија на ветар - тековна состојба, можности и перспективи" [PowerPoint презентација]

 

 

Во последниве години, паралелно со развојот на еколошката свест кај човекот, се јавува тенденција за замена на енергетските извори од фосилно потекло со нови, чисти извори на енергија. Нафтата и нејзините деривати покрај тоа што се едни од главните загадувачи на животната средина, тие се и причина за многубројни конфликти во светот.

 

Потребата од изнаоѓање на нови извори на енергија се повеќе доаѓа до израз заради значителното намалување на резервите од фосилни горива. Соларната енергија, енергијата на ветерот, брановите на водата и геотермалните води се потенцијални извори на енергија кои помалку или повеќе ги поседува секоја земја. Искористувањето на овие извори ја зголемува енергетската независност на државата.

Целта на предавањата е студентите да се запознаат со технологијата, применливоста и можностите на алтернативните извори на енергија.

 

Со намера да се привлече што поголем број студенти, нивото на предавањата е такво што тие да бидат разбирливи и интересни за пошироката публика. Следењето на семинарот не бара никакви предзнаења од областа на предавањето. Секоја од темите ќе бидат разгледани како од аспект на природата на проблемот, така и од апликативен аспект. Посебен куриозитет треба да претставува разгледувањето на потен-цијалите на нашата земја.

 

Темите кои ги обработува семинаров треба да послужат како поттик за секој студент во иднина подетално и посеопфатно да навлезе во проблематиката на алтернативните извори на енергија.